Заштита на растенија и екосистеми

Програмата заштита на растенија и екосистеми има два приода; едниот приод е насочен кон заштитата на дивите растенија а другиот приод се занимава со проучување на одделни екосистеми. Оваа програма постигнува резултати преку подигнување на свеста за значењето на различните видови диви растенија, како и вреднување на виталните придобивки од екосистемите. Македонско еколошко друштво повеќе од 10 години развива проекти за документирање и заштита на разновидноста на растенија и создавање на нови конзервациски групи кои ќе работат кон нивно зачувување. Концептот за зачувување на екосистеми е релативно нов во работата на МЕД. Тој има за цел да истражи и проучи цели екосистеми во различен опсег – еколошки, биолошки, социолошки или економски. Воедно, целта при спроведувањето на оваа програма е и стекнувањето знаења за состојбата, причините и заканите за нарушување на природното функционирање на екосистемите. Сето ова потоа овозможува да делуваме во насока на одржливо користење на услугите од екосистемите, промоција и подигнување на јавната свест за нивната вредност.

Заштита на растенија и екосистеми, Новости

Одржана национална работилница за одржливо управување со шумите

Македонското еколошко друштво во соработка со Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) спроведе дводневна национална работилница за одржливо управување […]

Заштита на растенија и екосистеми, Иницијатива за северни шуми, Новости

Едукативен настан: Да ја обновиме шумата за рисот

Околу стотина граѓани кои денеска беа присутни на едукативниот настан кој Македонското еколошко друштво го организираше во Градскиот парк во

Заштита на растенија и екосистеми, Новости

Работилница за валидирање на податоците за обновување на шумите во областа Буковиќ

Македонското еколошко друштво, на 20 март 2024 година, во Маврово ја одржа втората работилница од проектот „Иницијатива за Северни Шуми:

Заштита на растенија и екосистеми

Иницијатива за северни шуми: Ревитализација на шумите во Северна Македонија и Албанија

  Финансиер: Фондација на шведската поштенска лотарија Координатор: IUCN ECARO Партнерски организации: МЕД и PPNEA  Цел на програмата: Спречување на

Зачувување на ендемичните растенија во Македонија, Новости

Работилница во рамки на проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“

На 25 февруари во Домот на културата во Богданци беше одржана информативна средба за пошироката јавност во општината Богданци за

Балкански зелен појас, Еколошка едукација, Заштита на растенија и екосистеми, Новости, Одбележување важни денови

Го одбележавме Светскиот ден на водните живеалишта во Преспа

Тимот на МЕД Преспа го одбележа Светскиот ден на водните живеалишта (2ри февруари) со повеќе настани низ Преспа. Посетивме неколку

Scroll to Top