ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“ 2022 

Отворена е новата сезона на Програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“. Оваа програма ќе финансира мали и средни проекти со финансиска помош од Фондацијата Зигрид Раузинг. Малите проекти се наменети за млади и неискусни еколози, а средните ќе обезбедат поддршка за истражувања од еколози со веќе стекнато искуство. Соодветното менторство е круцијално за малите грантови, но е од огромно значење и за средните грантови!

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 20ти февруари за малите грантови и 15ти март за средните. Раководителите мораат да поднесуваат редовни извештаи, но од добитниците на средните грантови дополнително се очекува да ги објават резултатите и во рецензирано научно списание со меѓународен уредувачки одбор. Сите апликации ќе бидат разгледувани од научна комисија.

За повеќе детали околу процесот за апликација и сите потребни документи упатете се на линковите подолу:

 

Start typing and press Enter to search