Политики за заштита на природата и животната средина
Една од важните улоги која МЕД ја има на национално ниво е да обезбеди стручна поддршка на релевантните владини институции преку директно вклучување во процесот на изработка или давање коментари при изработката на различни стратешки документи и законската регулатива за заштита на природата и животна средина. Анализа на усогласеноста на националното законодавство со законодавството на Европската Унија, јакнењето на капацитетите кај различни чинители, како и обезбедувањето научни податоци и експертска поддршка во спроведувањето на обврските од европското законодавство од областа на заштита на природата (особено двете најзначајни директиви на ЕУ за птици и за живеалишта) се дел од активностите на оваа програма. Како дел од програмата МЕД активно се вклучи и во процесот на ревизија на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план (НСБРАП) и изработка на Петтиот национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (КБР). Учествуваме и во процесот на изработка и донесување стратешки и плански документи од други релевантни области (како што се Стратегијата за органско производство и Стратегијата за животна средина и климатски промени) како и обезбедуваме коментари и предлози за измени и дополнувања на релевантни закони и подзаконски акти.
МЕД учествува и во работата на Комитетот за следење на програмата ИПАРД во Македонија уште од 2011 година. Оваа програма е тесно поврзана и е во корелација со останатите програми на МЕД.
Во насока на реализирање на компонентата за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на [...]
На 15.04.2022 во просториите на Македонско еколошко друштво се одржа информативна средба за новинари и засегнати страни во врска со актуелното чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. На [...]
Од 14-ти до 16-ти март 2022 година, МЕД присуствуваше на работилница за надзор на ремедијацијата на линдан и HCH во ОХИС, организирана од Министерството за животна средина и просторно [...]
Македонско еколошко друштво во рамки на активностите за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на технички и економски пречки за започнување на активностите за [...]
Март и април беа исполнети со активности насочени кон директно вклучување на засегнатите чинители во активностите за подигнување на јавната свест за линданот. За таа цел беа изработени промотивни [...]
Индустриските објекти се препознаваат како сериозни загадувачи на опасен и штетен отпад 99% од испитаниците велат дека треба да бидат информирани за присуството на потенцијални опасни и штетни [...]
На 22 и 28 март во Скопје се одржаа две работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката ОХИС во организација на [...]