Организација на научни собири е една од основните алатки на Македонското еколошко друштво за постигнување на сопствените цели, заедно со организирање обуки, образование и спроведување проекти. Затоа, уште од раната фаза на своето постоење, Друштвото организира конгреси на еколозите и разни други научни конференции. По осамостојувањето на Македонија, МЕД е најзначаен организатор на научни еколошки собири кај нас. Од 1998 година до сега, МЕД има организирано пет конгреси на еколозите на Македонија со меѓународно учество.
Поради состојбата со светската пандемија 6-иот Конгрес на еколозите на Република Северна Македонија е одложен за октомври 2022 година во Охрид. Традиционално, Конгресот е со изразено меѓународно [...]
МЕД го одржа 5. Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, во периодот 19–22 октомври 2016 година во Охрид. На овој собир присуствуваа повеќе од 300 учесници и гости од 13 држави [...]
Македонското еколошко друштво во соработка со Македонското лимнолошко друштво го организираше 4. Конгрес на еколозите од Македонија, со цел да се согледаат достигнувањата во екологијата [...]
Во рамките на 4 Конгрес на еколозите на Македонија се одржа и натпревар во детски цртежи на тема: Шумите – чувари на природата. Вкупно пристигнаа 289 цртежи од 15 основни училишта од [...]
Третиот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше одржан во Струга, во периодот од 6–9 октомври 2007 година. Конгресот воедно ја одбележа и 80-годишнината од животот и шеесет [...]
Вториот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше организиран и одржан во Охрид, во периодот 25–29 октомври 2003 година. Групирани во 9 работни еколошки секции, учесниците ги [...]
Првиот Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, беше организиран и одржан во Охрид, од 20-24 септември 1998 година. Пленарните предавања се објавени и отпечатени во Книга на [...]