Членови на МЕД се оние поддржувачи кои ја делат нашата визија за земја во која граѓаните ја ценат и негуваат природата, ја заштитуваат животната средина и се стремат кон економски развој заснован на принципите на одржливост.

Членовите на МЕД на различни начини ја поддржуваат нашата работа, од следење на достигнувањата, давање идеи за нови предизвици преку експертска и научна поддршка на нашите стратегии до едноставно уживање во природата.

Членовите се оние кои го создале МЕД, кои ја оддржуваат неговата релевантност и оние кои ги донесуваат најважните одлуки за стратешко дејствување.

Зачленете се во МЕД за да покажете дека поддршката е вистинска и дека можеме да сметаме на вас во долгите битки за природата и нашето место во неа!

 

 

 

 

 

 

 

Член на МЕД се станува со пополнување на пристапница и уплаќање на годишната членарина. Уплатата на членарината се врши со банкарски трансфер – уплатница или преку интернет. Членството се продолжува секоја година.

Доколку сакате детално да се запознаете со основните права и обврски на членовите погледнете го нашиот Статут. 

Пристапница:

Пристапница

 

Верификација

 

Start typing and press Enter to search