Односи со јавност

Програмата за односи со јавност е креирана со цел споделување на резултати од активности кои се спроведуваат во сите програми на МЕД. Тимот на оваа програма работи на стратешки документи поврзани со интерна и надворешна комуникација на организацијата, редовно комуницира со медиумите и јавноста којашто е засегната со прашања поврзани со природата. Улогата на оваа програма е да се создадат норми и да се структурира комуникацијата на МЕД којашто може да биде поврзана со внатрешни прашања на организацијата или надворешна комуникација. Не помалку важна улога на програмата е и да спроведува активности за едукација и анимирање на членството на МЕД. Оваа програма посветува посебно внимание кон зајакнување на поврзаноста помеѓу МЕД и локалните конзервациски групи во поглед на зголемена ефективност и ефикасност во процесите на мониторинг, заштита и еколошка едукација на локално ниво.

Новости, Односи со јавност, Управување со заштитени подрачја

Националниот парк „Маврово“ останува заглавен во неприфатлива правна неизвесност

Повеќе од две децении од донесувањето на Законот за заштита на природата, државните институции не успеаја да го завршат со […]

Scroll to Top