ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“ 2023
Отворен е повикот за финансирање на мали и средни грантови од Програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“. Целта на овој повик е да се охрабрат млади истражувачи самостојно да планираат, спроведуваат, известуваат и донесуваат заклучоци на научни проекти. Сите млади еколози се очекува да работат со ментори кои ќе обезбедат поддршка и надзор.
Краен рок за поднесување на предлог проектите e 15.02.2023 (за мал грант) и 22.02.2023 (за среден грант).
Како и во претходните години предност за финансирање и поддршка ќе имаат проекти кои се занимаваат со истражување на биолошката разновидност, но и проекти од областа на заштита на животната средина и кревање на јавната свест. Очекуваме дека раководителот на проектот ќе биде млад истражувач (до 26 или до 30 години за мали, односно средни грантови) со или без искуство во проблематиката на проектот.
Особено ќе го цениме учеството на раководителот во други проекти, размена на студенти, учество во студентски истражувачки акции, екошколи, објавени трудови, учество на научни и стручни собири и сл. Раководителот на среден грант треба успешно да има спроведено мал грант од оваа програма или да достави потврда за успешно спроведен проект сличен по обем на мал грант.
За сите дополнителни детали прочитајте го упатството на следниот линк.
За подготвување на апликација потребно е да ги преземете следните документи:
- Апликација за програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“
- Урнек за буџет и временска рамка за спроведување на мал грант
- Урнек за буџет и временска рамка за спроведување на среден грант
За дополнителни информации или прашања слободно контактирајте го раководителот на програмата Драган Арсовски: arsovski@mes.org.mk
АПЛИКАЦИИТЕ ЗА МАЛ И СРЕДЕН ГРАНТ СЕ ПОДОЛУ (ЕДНА ПОД ДРУГА).
АПЛИКАЦИЈА ЗА МАЛ ГРАНТ
АПЛИКАЦИЈА ЗА СРЕДЕН ГРАНТ
–