Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина. МЕД своите цели и задачи ги остварува преку спроведување и учество на проекти, како и организирање научни и стручни собири.

Покрај научноистражувачката дејност, МЕД работи на јакнење на своите капацитети преку обучување на своите членови и создавање млади научни кадри. Со вклучување млади еколози, биолози, агрономи, шумари, технолози и други ентузијасти во научноистражувачката работа и нивно доусовршување преку различни обуки, магистерски и докторски студии во државата и надвор од неа, МЕД помага кон формирање млади кадри кои во иднина би се справувале со предизвиците на полето на екологијата, заштитата на животната средина и природата.

МЕД издава научни и популарни изданија од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Соработува со други организации и членува во бројни домашни и меѓународни здруженија и асоцијации.

Македонското еколошко друштво организира меѓународни собири и конференции во нашата земја поврзани со заштитата на животната средина и тоа во соработка со признаени меѓународни организации и фондации.

Последниот Статут на МЕД беше усвоен во 2021 година и може да го видите тука.

Мисија

Мисијата на МЕД е да ги заштитува природата и животната средина преку проширени знаења и граѓанска вклученост.

Визија

Визијата на МЕД е граѓаните од Македонија да ја ценат и негуваат природата, да ја заштитуваат животната средина и да се стремат кон економски развој заснован на принципите на одржливост.

Цели

  • Промовирање на екологијата како наука
  • Заштита и унапредување на животната средина и природата
  • Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование
  • Промовирање на принципот на одржлив развој

Вредности и политики на МЕД:

„Нултатолеранција за сексуална експлоатација и злоупотреба 

Сите форми на сексуална експлоатација и злоупотреба (СЕЗ) претставуваат повреда на човековите права и злоупотреба од позиција на моќ врз ранливо население за кое Обединетите нации и други хуманитарни и развојни чинители се залагаат да го заштитат. СЕЗ може да доведе до сериозни, и понекогаш доживотни негативни последици за лицата кои преживеале СЕЗ, а особено децата. Покрај тоа, СЕЗ го поткопува интегритетот и угледот на МЕД и може да биде закана за безбедноста на вработените и оперативното работење.

МЕД има политика за нулта толеранција за СЕЗ. Сите вработени и стручен кадар на МЕД  се придржуваат на највисоките стандарди за лично и професионално однесување, и обезбедуваат услуги со почитување и поттикнување на правата на корисниците и други ранливи членови на локалните заедници. Оваа политика дефинира и посебен пристап на МЕД за превенција и одговор на СЕЗ.

Политиката е применлива за сите вработени и ангажирани соработници, додека се на и вон должност.

Политика на приватност на податоците на МЕД

Политика за родова еднаквост на МЕД

 

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.