Времетраење: 2006 – 2018

Финансиер: MАВА Фондација, Швајцарија

Партнери: ППНЕА – Албанија; ЦЗИП – Црна Гора; ЕРА – Косово; Финч – Косово; ЕуроНатур – Германија; КОРА – Швајцарија

Цел на програмата: Програмата за закрепнување на балканскиот рис повеќе од десет години во континуитет работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан.

Фаза 4: 2016-2018

Од први август 2016 година оваа програма влезе во својата четврта фаза на имплементација. За разлика од претходните три фази, активностите во новиот проект беа оформени со помош на Отворените стандарди за зачувување на животната средина.

Активности во фаза 4: Активностите се насочени во шест различни стратегии (компоненти): Прогласување на нови заштитени подрачја, ефективност на веќе постоечките заштитени подрачја, законска регулатива значајна за рисот, едукација на локално население, истражување и мониторинг, одржлив лов и борба против криволов.

Лице за контакт: Диме Меловски: melovskid@mes.org.mk; Александар Стојанов: stojanov@mes.org.mk; Ѓорѓе Иванов: ivanov@mes.org.mk

Проектни Активности

НОВ БИЛТЕН (ДЕКЕМВРИ 2022) – НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Билтенот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис е издание кое ги обединува најважните новости и достигнување на сите партнери кои се вклучени во Програмата. Во овој број можете да [...]

Нов билтен (септември 2022) – Крајот на една ера и почетокот на нова!

Билтенот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис е издание кое ги обединува најважните новости и достигнување на сите партнери кои се вклучени во Програмата. Во овој број можете да [...]

Ја славиме нашата најголема загрозена мачка на Меѓународниот ден на рисот

Подигнувањето на јавната свест за биолошката разновидност е меѓу главните столбови во работата на заштитарите. Многу денови во годината се посветени на бројни засегнати видови и ги има сѐ повеќе. [...]

Билтен на Програмата за закрепнување на балканскиот рис – Декември 2021

Веќе 15 години, Програмата за зачувување на балканскиот рис работи во сите земји во кои се наоѓа овој подвид. Балканскиот рис е критично загрозен подвид на евроазискиот рис и се наоѓа на на [...]

Сè е до гените: како да се спаси балканскиот рис?

Новиот научен труд за балканскиот и кавкаскиот рис, кој произлегува од мултудисциплинарна соработка меѓу научници од Европа, нуди свеж поглед кон генетскиот статус на критично загрозената мачка [...]

Иднината на балканскиот рис е во рацете на децата кои го знаат и сакаат

(11.06.2021) Денеска на Светскиот ден на рисот сакаме да се фокусираме на потребата за едукација на сите ученици од Македонија за екологијата на балканскиот рис и улогата која секој од нас ја има [...]

Прв рис во „Јасен“!

За првпат се следи балкански рис со ГПС околувратник во Јасен На крајот на февруари во ЗП „Јасен“ успешно го обележавме првиот млад мажјак од загрозениот подвид балкански рис со GPS околувратник. [...]

Балкански рис – новости од терен

Вистинска радост е кога жители од мавровските села ќе ни јават дека виделе рис, а уште повеќе кога ќе ни испратат слики од рис што го следиме подолго време со ГПС околувратник. – „Деновиве [...]

По Нарциса и Лиса ви ја претставуваме Атиџе – третата женка рис што ја следиме со GPS-околувратник

Среда е ден на рисот, па ви објавуваме уште една убава вест! Македонското еколошко друштво означи нова единка од балканскиот рис близу селото Ничпур, во НП „Маврово“. Се работи за здрава женка [...]

10 години од следењето на првиот балкански рис со GPS околувратник

На денешен ден пред точно десет години го заловивме првиот балкански рис за научни цели. Се викаше Марко. Тој беше пионер во телеметриските истражувања во југозападен Балкан и икона во оваа [...]

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.