ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“

ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“

Во рамките на програмата „д-р Љупчо Меловски“ спроведуваме јавен повик за доделување на грантови на млади еколози. Овие грантови се однесуваат на мали (едногодишни) и средни (двогодишни) проекти со силна истражувачка компонента и со цел да (i) се развијат национални еколошки капацитети за истражување и заштита, (ii) се крене јавната еколошка свест и (iii) се придонесе кон еколошката наука на национално ниво.

Досега програмата е спроведена пет пати. Во 2009 и 2010 година Македонското еколошко друштво поддржа 15тина млади еколози,. Многу од овие студенти и млади ентузијасти сега работат во областа на научно истражување и/или заштита на животна средина во граѓански организации (меѓу кои и МЕД) и академски институции на локално и меѓународно ниво. Ваквите резултати се индикација за постигнување на главната цел на програмата, не за жал, беше тешко финансиски да се одржи истата. На наше огромно задоволство, една деценија подоцна (во 2020) успеавме да ја обновиме со финансиска помош од фондацијата Сигрид Раузинг. Програмата сега го носи името на еден од најактивните Македонски еколози, покојниот „д-р Љупчо Меловски“, долгогодишен претседател на МЕД и нејзин иницијатор во 2009. 

Заклучно со 2022, доделени се вкупно 40 мали и шест средни грантови. До крајот на годината треба да се заогружат првите средни грантови и со нетрпение чекаме да ги читаме нивните резултати во научните списанија каде одбрале да ги поднесат!

Лице за контакт: Драган Арсовски arsovski@mes.org.mk

Новости од проектите:

МАЛ ГРАНТ – ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „Д-Р ЉУПЧО МЕЛОВСКИ“ 2022

Ви ги претставуваме одобрените проекти во категоријата на мали грантови при програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2022ра година. Се надеваме дека проектите во оваа [...]

Среден грант – Програма за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ 2022

Ви ги претставуваме одобрените проекти во категоријата на средни грантови при програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2022ра година. Се надеваме дека проектите во оваа [...]

Спроведување на проекти финансирани од средни грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме завршените проекти во категоријата на средни грантови при програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021ва година. [...]

Спроведување на проекти финансирани од малите грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме проектите од програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021ва година. Годинава го следиме спроведувањето на девет [...]

ВОСПОСТАВУВАЊЕ МЕТОДИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ И МОНИТОРИНГ НА ИСПАРЛИВИ ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО ВОЗДУХ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ – Ивона Софрониевска

Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) последиците од аерозагадувањето претставуваат најголема еколошка опасност по здравјето во нашата држава, односно има 120 смртни [...]

ВАДИВОДА – Христина Наумовска

ВАлоризација на ДИjатомејскиот состав во ВОдните станишта во ДемирхисАрскиот регион (Вадивода) Изобилството на водни живеалишта во Демирхисарскиот регион води кон желбата за проучување на [...]

Распространување и конзервациски статус на реликтниот папрат Ophioglossum vulgatum на планината Кожуф – Ана Варелова

При овој чекор од проектот се соочивме со предизвици, за чие надминување беше потребно многу учење и  теренска работа, меѓутоа со одлична тимска соработка, го постигнавме посакуваниот резултат. [...]

Екосистемско истражување на шумски тресетишта во срцето на Шар Планина – Тренчева Марија

Кои видови растенија живеат и што им се случува откако ќе изумрат во планинските тресетишта? Како тие дишат или пак се хранат кога во влажните станишта вода има многу, а кислород малку? Дали [...]

Tврдокрилците од Јабланица, нови податоци од Срна Мајсторовиќ

Секоја наша теренска активност е дочекана со големо нетрпение да се отиде на терен во потрага по омилените инсекти. Сапроксилните тврдокрилци беа прилично активни овој период и ги полнеа нашите [...]

Хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули”- Сара Цветаноска

Oд почеток на месец мај започна реализирање на проектот ,,Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус”. Во рамките на овој [...]

page 1 of 2

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.