ВАлоризација на ДИjатомејскиот состав во ВОдните станишта во ДемирхисАрскиот регион (Вадивода)

Колекционирање на материјал од Струговско Езеро

Изобилството на водни живеалишта во Демирхисарскиот регион води кон желбата за проучување на природата и одново барање одговори на прашања добиени преку научно-истражувачки активности во овај регион. Од досегашните микроскопски анализи, идентификувани се над 150 видови на дијатомеи во различните водни станишта во Демир Хисар.Оваа бројка секако ќе се зголеми во наредниот период, имајќи предвид дека направената микроскопската анализа се однесува на 30% од материјалот кој предходно е колекциониран за време на теренските активности.

Колекционирање на материјал од Струговско Езеро

Во Суводолско Езеро е идентификуван видот Achnanthdium catenatum кој досега не беше регистриран за флората на РСМ. Како посебни родови за чии видови се потребни дополнителни анализи, со цел нивна идентификација се издвојуваат  и Pinnularia, Craticula, Asterionella, Microcostatus, Sellaphora и Fragilaria.

Големиот биодиверзитет на дијатомеите ни наметнува да поверуваме дека најубавите работи се секогаш сокриени во природата, само треба од блиску да ги погледнеме.

Start typing and press Enter to search