МЕД го одржа 5. Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, во периодот 19–22 октомври 2016 година во Охрид. На овој собир присуствуваа повеќе од 300 учесници и гости од 13 држави од Европа. Околу 250 учесници од регионот ги презентираа резултатите од своите научни истражувања кои ја тангираат еколошката наука и достигнувања во рамките на предвидените девет работни секции.

Во рамките на Конгресот беа одржани и Округла маса за диверзитетот на домашни животни на Балканскиот Полуостров и Симпозиум на Истражувачкото друштво на студентите биолози. Програмата на Конгресот беше збогатена и со изложба на детски фотографии во контекст на Еко-конкурсот, каде од пристигнатите 545 фотографии изработени од повеќе од 220 ученици на возраст од второ до деветто одделение од 70 основни училишта од Македонија, беа изгласани три најдобри фотографии. Истовремено течеше и проекција на неколку документарни филмови изработени во Македонија во рамките на неколку национални проекти и програми.

Вкупно 24 од презентираните трудови, беа публикувани во Зборник на трудови од 5 Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество.

Во продолжение Македонско еколошко друштво ги споделува и:

Првото известување за 5 Конгрес на еколозите на РМ со меѓународно учество.

Програма за 5-ти Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество

Трето известување за 5 Конгрес на еколозите на РМ со меѓународно учество

Второ известување за 5 Конгрес на еколозите на РМ со меѓународно учество

Зборник на трудови од 5-ти Конгрес на еколозите на РМ со меѓународно учество

 

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.