Март и април беа исполнети со активности насочени кон директно вклучување на засегнатите чинители во активностите за подигнување на јавната свест за линданот. За таа цел беа изработени промотивни материјали со информации за неговото постоење и штетно влијание, како и за активностите кои следат во насока на неговото отстранување. Во таа насока беа организирани две работилници на кои беше дискутирано за активностите и прогресот на повеќегодишниот проект за отстранување на линданот од малата депонија во Охис.

Предложени се конкретни активности, одговорности и задолженија за одделните чинители кои во следниот период само ќе придонесат кон подобро спроведување на целиот процес со навремено и транспарентно информирање на граѓаните. Како дел од проектните активности, повеќе од 100 ученици на возраст од 11-12 години од училиштата од општината Кисела Вода беа активно вклучени во едукацијата за овој органски загадувач. Активностите ќе продолжат да се спроведуваат и се очекува истите да завршат до крајот на септември – почеток на октомври.

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.