Проучување и заштита на птици

Програмата за проучување и заштита на птици е една од најстарите програми на МЕД и таа се фокусира на дел од македонската орнитофауна. Птиците се извонреден индикатор за здравјето на еден екосистем, и оттука разбирањето на нивните популации значи разбирање и на нашата животна средина. Активностите на МЕД за заштита на птиците во Македонија започнаа со спроведување на Програмата за зачувување на мршојадците во 2002 година. Покрај заштитата на мршојадците, во последните десетина години МЕД работеше на развој на методологија за мониторинг на честите видови птици, спроведување конзервациски мерки за одредени видови птици (како на пример, поставување вештачки гнезда за царски орли и степска ветрушка), идентификација и мониторинг на Значајните подрачја за птици во Македонија, како и споредба и анализа на националното законодавство со законодавството на ЕУ во однос на заштитa на птиците. Покрај научната работа, програмата се фокусира на подигнување на јавната свест на локалното население во врска со заштитата на птиците и подобрување на соработката со институциите.

Проучување и заштита на птици

Проект за заштита на мршојадците во Македонија

[vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524226603318{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2002–2008 г. Финансиери: Франкфуртско зоолошко друштво (ФЗС), Фондација за зачувување на мршојадците и дополнителна финансиска поддршка […]

Проучување и заштита на птици

Проценка на заканите за птици и мерки за нивно зачувување во две предлог значајни подрачја за птици во Македонија

[vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1518428396527{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2011- 2012 Финансиер: Conservation Leadership Programme Партнери: BirdLife International, Conservation International, Fauna & Flora International и Wildlife

Scroll to Top