Времетраење: 2012–

Финансиер: Фондација MАВА

Партнери: Doga Dernegi (Турција), Друштво за заштита на природата на Либан, BirdLife Cyprus (Кипар), BirdLife Malta, Центар за заштита и проучување на птиците на Црна Гора, Група за проучување и заштита на птиците на Мароко и Пријатели на птиците (Тунис)

Цел на проeктот: Долгорочната цел на проектот е заштита на африканско-евроазиските преселни патишта на птиците преку формирање силна и динамична мрежа на невладини организации во медитеранскиот регион. Задача на проектот е зајакнување на капацитетите на осум национални невладини организации за поефикасна работа кон зачувување на клучните видови птици, како и подрачја и живеалишта значајни за птиците по должината на африканско-евроазиските преселни патишта. Покрај тоа, проектот ќе обезбеди поддршка за преземање чекори за намалување на заканите за преселните птици во регионот. Воедно, проектот треба да овозможи и размена на знаење за заштита на преселните патишта и координација на активностите за заштита е уште една од задачите на проектот.

Лице за контакт: Данка Узунова uzunova@mes.org.mk

Проектни активности

Модровраните добија бесплатни домови!

МЕД и ЕВН Македонија поставија куќарки за гнездење за модроврани, пилот активност со цел да се зголемат можностите за гнездење на овој егзотичен вид. Модровраните имаат ограничен ареал на [...]

Пребројувањето на птици презимувачки за 2017 во Македонија заврши

Меѓународното пребројување птици во Македонија се спроведе во два викенда. На 14-15 јануари се избројаа птиците на Преспанско и Охридско езеро, во вкупен број од 27000 и 9500 единки птици [...]

Тренинг за изработка на карта на сензитивност на птици и енергетска инфраструктура на Македонија – за што таа служи?

Енергетската инфраструктура во Македонија и сите стратешки документи поврзани со енергетика никогаш не ја вклучиле компонентата на дивиот свет (особено птиците) при дефинирање на одржливи [...]

Обука за препознавање птици и нивната миграција

ПК Бигла-Илиница ја организираа завршната активност од микрогрантот “Заљубување во птиците”, финансирана од проектот Развој на капацитети за зачувување на преселните патишта за птици долж [...]

Спроведени кампови за следење на миграција на птиците на Дојранско езеро и на Илинска Планина

Во периодот од 24-27 август и 10-13 септември годинава се одржаа два кампа за следење на миграција на птиците на Св. Илија, Илинска Планина и над Ачикот на Дојранско езеро, соодветно. На кампот [...]

Камп за следење на миграција на птици

По четврт пат МЕД организира камп за следење на миграција на птици. Камповите ќе се одржат од средината на август до почетокот на септември на Илинска Планина и Дојран. Кампот ќе се организира во [...]

Белиот нуркач (Mergellus albellus) е птица на годинешниот цензус на водни птици!

Белиот нуркач (Mergellus albellus) е избран за птица на зимскиот цензус на водни птици, организиран од тим на  на професионалци и волонтери на МЕД, којшто се одржа на 17 и 18 јануари. За време на [...]

Клучни закани за птиците преселници во Медитеранот – размена на искуства

Во Никозија минатата недела под покровителство на BirdLife Кипар се одржа работилница на која земјите кои се дел од Медитеранските прелетни патишта разменуваа искуства за намалувањето и [...]

Птиците и ветерните електрани – преглед на домашните и странските искуства и идни насоки за меѓусекторска соработка

Македонско еколошко друштво (МЕД) ја презема иницијативата ја организирање на работилница на која по втор пат се сретнаа заинтересираните страни во областа на развој на обновливи енергии и [...]

Одржана работилницата „Птиците и ветерните електрани“

Како дел од проектот Развој на капацитетите за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот, на 10 декември се одржа работилницата со наслов „Птиците и ветерните електрани“ на која беа [...]

page 1 of 2

Start typing and press Enter to search