Симпозиуми и трибини

За постигнување на целите, МЕД организира или учествува на научни собири, конференции, трибини, симпозиуми од меѓународен карактер. На овие научни собири не само што се претставуваат достигнувањата и новитетите од областа на екологијата на национално и регионално ниво, туку се остваруваат и бројни нови контакти кои се основа за идна соработка и заедничко делување за постигнување на генералната цел за заштитата на животната средина и биолошката разновидност.
Досегашното искуство на МЕД, вклучувањето на различни експертски профили, соработката со бројни стручни лица, научници, владини и невладини организации, студенти, ученици и локално население, како и континуираните залагања во решавање на конкретни еколошки проблеми во земјата и регионот, создадоа услови МЕД да прерасне во граѓанска организација која дава голем удел во процесот на информирање и едуцирање за проблематики во областа на биологијата, екологијата, заштитата на животната средина и природата.

Настани, Симпозиуми и трибини

Научна трибина за состојбите со загадувањето во Република Македонија, Скопје 2016 година

Македонското еколошко друштво на 12.02.2016 година, во Кинотеката на Македонија ја организираше IX научна трибина на тема „Состојбите со загадувањето […]

Настани, Симпозиуми и трибини

Трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици“, септември 2012

На 24 септември, во ОУ „Владимир Полежиновски” во Кичево, се одржа трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините

Scroll to Top