Македонското еколошко друштво на 12.02.2016 година, во Кинотеката на Македонија ја организираше IX научна трибина на тема „Состојбите со загадувањето на животната средина во Република Македонија“.

Оваа актуелна научна трибина беше обид да се обединат оригиналните и понови резултати од научните истражувања во Македонија кои се однесуваат на загадувањето на воздухот, водата и почвата во Македонија. Целта на трибината беше да ја побуди научната и стручната јавност, да ги презентира научните сознанија за состојбата со загадувањето на животната средина во Македонија на видлив начин за пошироката јавност.

На овој научно-стручен настан, учествуваа повеќе научни работници од државата кои прикажаа резултати и видувања од скорешни научни истражувања за загадувањето во животната средина. Преку презентациите на IX актуелна научна трибина беа прикажани делумно состојбите со водите, воздухот и почвите во Република Македонија со загадувањето со тешки метали во сите медиуми на животната средина на Македонија, а посебно внимание беше посветено и на квалитетот на воздухот и водите и нивното влијание врз луѓето и живите организми.

Со оваа трибина се надеваме дека ќе им се помогне на носителите на одлуки, особено надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање во правилното креирање на стратегиите за заштита на животната средина, а на граѓанските организации ќе им се овозможи полесен пристап до релевантни податоци.

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.