Времетраење: Јануари 2017 – декември 2020 г.

Финансиер: Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ)

Програмата ја спроведува: Фармахем – Скопје, HELVETAS Swiss Intercooperation

Клучни партнери: Министерството за животна средина и просторно планирање; Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; Центарот за развој на Источниот плански регион; Општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Пробиштип, Карбинци, Зрновци, Чешиново-Облешево и Штип; Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Бернскиот универзитет за применети науки и ЈП „Македонски шуми“.

Цел на програмата: Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2 (ПЗП) е дел од програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Република Македонија. Програмата има цел да ѝ помогне на земјата во зачувување на нејзината исклучителна биолошка разновидност и природните екосистеми преку промовирање нивно одржливо управување и користење. Програмата ќе придонесе за остварување на општата цел на брегалничкиот регион да ги сочува природните вредности и промовира одржлив и инклузивен социо-економски развој.

Лице за контакт: Робертина Брајаноска brajanoska@mes.org.mk

Новости од МЕД

Меѓународната конференција за мршојадците во Европа

Од 14-17 ноември во Касерес, се одржа меѓународната конференција за мршојадците во Европа на која што учествуваа двајца претставници од нашата организација. Низ историјата во Европа постоајно се [...]

Натпревар за фотографии од диви орхидеи за календарот на Македонско еколошко друштво 2024

Натпревар за фотографии од дива орхидеа за календарот на Македонско еколошко друштво 2024   Периодот за учество на овој натпревар е од 17 ноември 2023 година до 28 ноември 2023 година. Какви [...]

Втора работилница за едукација на младите за заштита на животната средина и биодиверзитетот (индикаторски видови) и ублажување на климатските промени

На 10 ноември, во Беличкиот екоцентар се одржа втората работилница за едукација за биолошката разновидност на Илинска и Плакенска Планина, со ученици од ОУ Христо Узунов од Другово. Учениците на [...]

Важноста на рударскиот и металуршкиот отпад како потенцијален извор на метали во Западен Балкан

Во рамките на меѓународниот проект „Grain boundaries engineered Nd-Fe-B permanent magnets – RECO2MAG” организиравме работилница под наслов „Важноста на рударскиот и металуршкиот отпад како [...]

„Иницијатива за северни шуми: Обнова на шумите во Северна Македонија и Албанија“.

На 6ти септември 2023 година, во НП „Маврово“, МЕД во координација со Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) и соработка со организацијата за заштита и [...]

Став на Македонското еколошко друштво во врска со актуелните случувања со кафеавите мечки во Националниот парк „Маврово“

Кафеавата мечка е трајно заштитен дивеч согласно Законот за ловството, и строго заштитен вид согласно Законот за заштита на природата. Единствено, Министерството за земјоделие, шумарство и [...]

Влажни ливади – Преспа 2023

Оваа година се затвора циклус од четири години, во кој ги истражувавме и анализиравме дел од еколошките карактеристики и особености на влажните ливади во Преспа. Паралелно со истражувачкиот [...]

Ревитализација на шуми во Северна Македонија и Албанија

Проектот за Ревитализација на шуми во Северна Македонија и Албанија претставува заеднички напор за соочување со еколошките предизвици, со кои се соочуваат двете земји. Како дел од Фондацијата на [...]

Start typing and press Enter to search