Периодот за учество на овој натпревар е од 3 април 2024 година до 10 октомври 2024 година.

Какви фотографии може да учествуваат

За да бидат прифатени во натпреварот фотографиите мора да прикажуваат водоземци или влекачи сликани во природа во Македонија.

Жири

Жирито се состои од вработени на МЕД и членови на Собрание. Жирито анонимно ќе ги разгледува фотографиите кои ќе бидат пријавени.

Жирито ќе одбере 12 фотографии кои ќе бидат наградени. Сите избрани фотографии ќе бидат искористени за дизајнирање на Календарот на МЕД за 2025 година.

Прогласување на победници

Победниците на натпреварот ќе бидат објавени на 01.11.2024 на сајтот на МЕД и соодветните социјални медиуми.

Општи правила

Со поднесувањето на фотографија на Натпреварот за фотографија од водоземци и влекачи на Македонско еколошко друштво се согласувате на следново:

Вие имате единствено сопствеништво на фотографијата и сите нејзини права. Никаква права поврзани со фотографијата не се дадени на други лица, организации, фирми или ентитети. Ниту еден дел од сликата не оцрнува, навредува или ги нарушува правата на некоја личност.

МЕД ќе се здобие со трајно не-ексклузивно бесплатно право на користење на фотографиите кои ќе бидат пријавени за цели поврзани со подигнување на профилот на организацијата, промовирање на работата на организацијата и промовирање на натпреварот во следните години. МЕД е непрофитно здружение на граѓани и вашата фотографија нема да се користи за цели за создавање на профит или било какви други комерцијални цели. МЕД ќе може да ја користи фотографијата во целост, делумно или со промени. Вашето име ќе биде назначено при секоја употреба на фотографијата, освен ако не побарате поинаку.

Вашите податоци да бидат искористени за внатрешни потреби на МЕД поврзани само со организацијата на овој натпревар.

Како се учествува

Фотографиите треба да се пријават на contact@mes.org.mk

Еден учесник може да поднесе повеќе фотографии. Доколку учесник поднесе повеќе од една фотографија во предвид ќе бидат земени сите но нема да бидат одбрани повеќе од две фотографии од еден автор.

Фотографиите мора да ги исполнуваат следниве стандарди:

  • Мора да прикажуваат водоземци или влечуги сликани во природа во Македонија
  • Фотографиите да имаат минимална резолуција од 2600х2600 px
  • Да биде испратена во JPG формат
  • Да ги содржи сите дополнителни информации (име на видот, локација и датум на фотографирање)
  • Дозволена е основна обработка на фотографиите кој вклучува кратење, контраст, осветлување, боја и интензитет. Не е дозволено додавање на дополнителни елементи (лого, потпис, рамка, бордура или слично).

Start typing and press Enter to search