Времетраење: 2012–
Финансиер: Фондација MАВА
Партнери: Doga Dernegi (Турција), Друштво за заштита на природата на Либан, BirdLife Cyprus (Кипар), BirdLife Malta, Центар за заштита и проучување на птиците на Црна Гора, Група за проучување и заштита на птиците на Мароко и Пријатели на птиците (Тунис)
Цел на проeктот: Долгорочната цел на проектот е заштита на африканско-евроазиските преселни патишта на птиците преку формирање силна и динамична мрежа на невладини организации во медитеранскиот регион. Задача на проектот е зајакнување на капацитетите на осум национални невладини организации за поефикасна работа кон зачувување на клучните видови птици, како и подрачја и живеалишта значајни за птиците по должината на африканско-евроазиските преселни патишта. Покрај тоа, проектот ќе обезбеди поддршка за преземање чекори за намалување на заканите за преселните птици во регионот. Воедно, проектот треба да овозможи и размена на знаење за заштита на преселните патишта и координација на активностите за заштита е уште една од задачите на проектот.
Лице за контакт: Данка Узунова uzunova@mes.org.mk