Времетраење: Јануари 2017 – декември 2020 г.
Финансиер: Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ)
Програмата ја спроведува: Фармахем – Скопје, HELVETAS Swiss Intercooperation
Клучни партнери: Министерството за животна средина и просторно планирање; Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; Центарот за развој на Источниот плански регион; Општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Пробиштип, Карбинци, Зрновци, Чешиново-Облешево и Штип; Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Бернскиот универзитет за применети науки и ЈП „Македонски шуми“.
Цел на програмата: Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2 (ПЗП) е дел од програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Република Македонија. Програмата има цел да ѝ помогне на земјата во зачувување на нејзината исклучителна биолошка разновидност и природните екосистеми преку промовирање нивно одржливо управување и користење. Програмата ќе придонесе за остварување на општата цел на брегалничкиот регион да ги сочува природните вредности и промовира одржлив и инклузивен социо-економски развој.
Лице за контакт: Робертина Брајаноска brajanoska@mes.org.mk