МЕД учествуваше на саем на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија којшто се одржа на 23 септември во Тирана. Македонското еколошко друштво ги претстави промотивните материјали, целите и активностите на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ заедно со партнерската организација од Албанија ППНЕА. На саемот учествуваа голем број на финансирани проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка од 2008 година до сега.

Проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија на Европската Унија

Start typing and press Enter to search