Македонското еколошко друштво во сора­бо­тка со Македонското лимнолошко друштво го орга­низираше 4. Конгрес на еколозите од Македо­нија, со цел да се со­гле­даат достигнувањата во еколо­ги­ја­та во Ма­кедо­нија и другите земји во регионот, како и разме­на на иску­ства и знаење согласно ра­бот­ните услови на научни­ци­те и експертите на овој простор, но и јавниот инте­рес за подобра, почиста и поздрава жи­вотна средина.

На Конгресот беа презентирани совре­ме­­ни­те научни сознанија на модерната екологија и на­ука­та за живот­ната средина во раз­лични тематски секции. Секоја секција започна со вове­дно предавање из­брано од прија­вените трудови од стра­на на Науч­ниот одбор. Не­за­­висно од тоа, беа ор­гани­зи­­рани пленарни се­сии на кои зедоа учество еминентни еколози од Македонија и дру­ги земји, кои ги презентираа до­стигнувањата на модерната екологија.

На Конгресот присуствуваа повеќе од 300 научни работници и гости од државата и од странство (Турција, Норвешка, Швајцарија, Германија, Грција, Албанија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Косово) со свои научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Вкупно беа презентирани 183 апстракти, од кои 82 усни презентации и 73 постери, а беа одржани и три пленарни предавања и тоа:

  1. Пошумувањето во услови на глобални климaтски промени, проблеми, истражувања и мерки за адаптација, Проф. д-р Иван Раев, Бугарија
  2. Разновидноста на брдските пасишта на варовничка подлога во централните и јужните делови на Балканскиот Полуостров, Академик Владо Матевски, Македонија, и
  3. Еден век од дијатомејски истражувања на Охридското и Преспанското Езеро, проф. д-р Златко Левков, ПМФ – Скопје, Македонија

Во рамките на Конгресот се одржа и Симпозиум на студентите по биологија во организација на Истражувачкото друштво на студенти биолози од Скопје, како и Изложба и натпревар на детски цртежи, фотографии, колекциски материјали, промотивни материјали на тема: Шумите – чувари на природата, од ученици од основните училишта во Македонија. Свое претставување имаше и еколошката секција „Универзум“ од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.

Беа прикажани двата документарни филма: „Во срцето на Балканот – барајќи го рисот“ и „Во срцето на Балканот – пеликаните од Преспа Парк“.

Важен дел од Конгресот беше и одржувањето на Работилницата за Јадрански прелетни коридори поддржана од германската организација Еуронатур, на која учествуваа орнитолози од Македонија, Германија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Словенија и Косово.

 

Подолу се известувањата за 4 Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество:

First Announcement/Прво соопштение

Second Announcement/Второ соопштение

Third Announcement/Трето соопштение

Вкупно 33 трудови од презентираните 155 нa 4 Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество се публикувани во Зборник на трудови од 4 Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество. Зборникот излезе од печат во декември, 2013 година.

Start typing and press Enter to search