Планинарскиот клуб „Љуботен“ како еден од локалните партнери во проектот раководен од МЕД „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ овој викенд на Шара постави две информативни табли.

Таблите содржат информации за географските вредности на Шар Планина, топографска мапа на Шара, нејзиното флористично богатство со опис на неколку видови, како и детали околу атрактивни планинарски тури прикажани картографски. Одбрани беа две локации за овие табли: едната кај најстариот планинарски дом во Македонија – Љуботен каде се опишани 3 планинарски тури, а соодветно на тоа и растенијата кои можат да се сретнат таму; и другата кај планинарскиот дом на ПК „Љуботен“ на Попова Шапка. На оваа табла се опишани турите кои се интересни за посета околу масивот Церипашина како: врвовите Титов Врв, Јелачки Црн Врв, и месноста Лешница.

Таблите беа заеднички поставени од членови на ПК „Љуботен“ и МЕД.

Start typing and press Enter to search