МЕД во соработка со наставниот кадар на основните училишта од Маврови Анови, Ростуше, Требиште и Велебрдо, спроведе едукативни активности поврзани балканскиот рис. Целта на активностите беше да се подобрат и прошират знаењата на децата за овој загрозен вид. Околу 280 деца на возраст од 6 до 14 години учествуваа во едукативните активности.

Трите различни активности содржани испакувани во интересен едукативен пакет, меѓусебно се надополнуваа, со цел да создадат целосна и јасна слика за балканскиот рис. Активностите беа спроведени во текот на две последователни посети во секое од училиштата во мај. Секое дете имаше можност, од презентациите да научи повеќе за биологијата и екологијата на рисот, а од добиениот печатен материјал, на забавен начин да го утврди веќе наученото.

Резултатите и искуството од спроведените активности покажаа дека децата го препознаваат овој вид како ретко и загрозено животно во Македонија и покажаа огромен интерес за идни заеднички активности со МЕД.

Start typing and press Enter to search