Вториот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше организиран и одржан во Охрид, во периодот 25–29 октомври 2003 година.
Групирани во 9 работни еколошки секции, учесниците ги презентираа резултатите и научните достигнувања и тоа:
- Терестрични екосистеми;
- Акватични екосистеми;
- Зачувување на биодиверзитетот и геодиверзитетот;
- Агроекологија;
- Екологија на популации и биоценологија;
- Еколошки мониторинг;
- Загадување и заштита на животната средина;
- Еколошка едукација; и
- Учество на јавноста и НВО.
Презентираните трудови (вкупно 101 труд) и пленарни реферати се објавени и отпечатени во Зборник на трудови од 2 Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество. Охрид, 25-29 октомври 2003 година, и тоа претставени во шест сумарни секции:
- Терестрични екосистеми: екологија, екофизиологија и биоценологија;
- Акватични екосистеми и хидробиологија;
- Биодиверзитет: истражување и заштита; геодиверзитет;
- Агроекологија;
- Заштита и мониторинг на животната средина, и
- Еколошка едукација.
Подеднаков интерес и учество покажаа како научниците од Македонија така и од другите соседни земји од регионот, како Србија и Црна Гора, Бугарија, Словенија, Романија. Од изнесените презентации во текот на Конгресот, очигледно беше дека научниците од Македонија и регионот пошироко, во дадениот период најголемо внимание и интерес покажуваат кон проучувања насочени кон терестричните и акватични екосистеми и особено во полето на зачувување на биодиверзитетот и геодиверзитетот.
И покрај големите напори на МЕД да ги поттикнат и инспирираат многуте невладини еколошки организации од Македонија и регионот да земат учество на конгрес од овој тип, за жал секцијата која се однесуваше на нивната работа и учество во јавноста не резултираше со пријава и учество.