Заврши проектот SHAPE „Локална акција за подобри политики за заштита на животна средина” во кој се обидовме да се доближиме до младите и да креираме идни лидери за заштита на животната средина.

Едукативните промоматеријали коишто беа направени во рамки на проектот што го реализиравме во соработка со Институтот за комуникациски студии, со финансиска поддржка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) служеа за подигнување на јавната свест за потребата за активизам за заштита на животната средина, со посебен фокус на младите.

Во склоп на проектот поддржавме невладини организации од 6 региони од Македонија кои во соработка со средните училишта водеа свои проекти за решавање на одредени локални проблеми со живнотна средина.

Документарецот „Младите за природата“ го следи овој процес и покажува како младите луѓе се активираат, организиираат и наоѓаат креативни начини да пристапат на еколошки пробелми кои не засегаат сите нас.

Кратките анимации се едукативни и покриваат теми за заштита на животната средина кои се актуелни во нашата земја и кои во пошироки црти се поврзани со темите на проектите на грантистите и се покажа дека им се важни на младите. Првото видео покажува како земјоделските практики влијаат врз целиот екосистем и колку бенефити можеме да имаме кога работиме со природата наместо наспроти неа. Второто видео го потенцира проблемот што сеуште го имаме со справување со отпадот. Третото видео ја покажува биолошката разновидност на Преспа и потребата да се заштити целиот екосистем. Овие анимации се достапни и на англиски (прво, второ и трето) и на албански јазик (прво, второ и трето).

Еко-картичките содржат пораки за животната средина. Во нив покриваме основни теми поврзани со животната средина како екологизам и глобално затоплување, но исто така има и податоци за Македонија, како факти за биолошката разновидност во Македонија или состојбата со отпадот. Се надеваме дека овие едукативни материјали ќе служат како ресурс и во понатамошна едукација на младите, а истите можете да ги преземете на ликовите подолу:

1. Еко-картичките на македонски

2. Еко-картички на албански

3. Еко-картички на англиски.

 

 

 

Start typing and press Enter to search