Photo: Sillerkiil

Македонското еколошко друштво, во склоп на проектот „Подобрување на поврзаноста кај Балканскиот зелен појас“, објавува повик за ангажирање на експерт за просторно планирање, којшто ќе биде вклучен во процесот на изработка на нов Закон за просторно планирање на Република Северна Македонија. Целта на ангажманот е да се даде стручна поддршка во изработката на законот, со посебен акцент на вметнување на концептот на зелена инфрастурктура. Експертот ќе работи во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и проектниот тим. Деталите во однос на повикот, условите и критериумите за аплицирање може да се најдат овде.

Сите заинтересирани експерти потребно е да ги достават своите понуди најдоцна до 10 април 2022 на следната е-маил адреса: stojanov@mes.org.mk

Start typing and press Enter to search