Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Намалување на ризикот од смртност кај глобално загрозените птици преку реновирање на опасните надземни далекуводи во Југоисточна Европа“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во партнерство со ЕВН Македонија АД Скопје, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со број 01/2026.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда со целокупната документација за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка по пошта или да ја доставите лично на начин опишан во документацијата за јавниот повик на следнава адреса:
улица „Тодор Скаловски“ бр. 9А, 1000 Скопје
најдоцна до 30.04.2026 во 15:00 часот задолжително со назнака „За јавен повик број 01/2026“ и текст „да не се отвора пред датумот за евалуација на понудите“.
Документација по однос на повикот се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда и образец на понудата.
Дополнителните прашања во врска со повикот може да се достават на следниве адреси: uzunova@mes.org.mk или gjorgjievska@mes.org.mk. Прашањата може да се достават не подоцна од 15 дена од денот на објавување на повикот.
Целосната документација за јавниот повик може да се преземе во ПДФ формат на следниот ЛИНК.
