За потребите на проектот: „Воспоставување зелена комуна како модел за одржливо користење на ресурсите, зачувување на биодиверзитетот и намалување на влијанието на климатските промени во регионот на Илинска-Плакенска Планина“, финансиран од Еко Свест/SIDA, предвидено е да се набави метеоролошка мониторинг станица.
Барањето за понуда со потребните технички спецификации за мониторинг станицата се наоѓа на следниот линк.
Доколку сте заинтересирани Ве молиме да доставите вашa понуда на следните меилови: todorovska@mes.org.mk и brajanoska@mes.org.mk .
Краен рок за доставување на понудата е 11 јули 2023 година
Дополнителна потребна документација која треба да ја доставите заедно со понудата:
– Потврда за регистрирана дејност на добавувачот (ДРД образец од Централен регистар на Република Македонија)
– Извод од банка (најнов) или договор со банката за отворање на жиро сметка
– Изјава за неосудуваност на законскиот застапник (лична изјава или потврда од суд)
– Потврда дали е изречена казна привремена забрана за вршење на одделна дејност евидентирана во регистарот на споредни
казни за сторени кривични дела на правни лица (Централен регистар на Република Македонија)
– Уверение за платени даноци и придонеси (Управа за јавни приходи) – архивски број
– Последен годишен финансиски извештај (последна поднесена завршна сметка)