Прекугранично искуство во мониторинг на биолошка разновидност и едукација за зачувување на природата

„ПРЕСПАНУВАЊЕ“

07 – 12 август 2023 година, Стење, Северна Македонија

Краен рок за аплицирање: недела, 16 јули 2023 година

Во соработка со нашите партнери од ПреспаНет, ППНЕА од Албанија (Заштита и зачувување на природната средина во Албанија) и  СПП од Грција (Друштвото за заштита на Преспа) ќе ја организираме петтата прекугранична летна школа на мрежата насловена „ПРЕСПАНУВАЊЕ“.

Школата оваа година ќе се одржи помеѓу 07-12 август 2023 година.

Летната школа во голема мера ќе опфати практични теренски активности и одредена теорија, претежно во Преспа во Северна Македонија, но и со неколку активности во Албанија. Учесниците ќе учествуваат во практични сесии водени од некои од најактивните и најпознатите експерти за мониторинг на риби, големи цицачи, лилјаци, влекачи и птици, а истовремено ќе имаат можност да ја искусат уникатната убавина на преспанските пејзажи.

ПреспаНет е мрежа од три еколошки организации основани во 2013 година со членови ППНЕА од Албанија со седиште во Тирана и локална канцеларија во Долна Горица/Горице е Вогел, МЕД со седиште во Скопје и локална канцеларија во Ресен и СПП локално со седиште во на грчката страна на Преспа. ПреспаНет ги зајакнува напорите за зачувување на природата во прекугранична Преспа. Партнерите преземаат активности во пет главни програмски области кои вклучуваат: 

  • Водни птици, мочуришта и климатски промени;
  • Еколошка едукација и информирање;
  • Зачувување на видовите;
  • Зачувување на слатководните острови и
  • Прекугранична соработка.

Еднонеделниот настан ќе обедини млади луѓе од различно образовно и културно потекло за размена на вештини и разбирање, стимулирајќи го учењето од колеги и професионалниот раст преку лични искуства. Школата нуди висококвалитетно теренско искуство и анализи на податоци за следната генерација на заштитници на природата од поширокото подрачје на Преспа. Образовни теми:

  1. Мониторинг на цицачи (работа на терен со камери и анализи на фотографии и демографија)
  2. Следење на рептили и посета на уникатни островски екосистеми (теренска работа со ридски желки (Testudo hermanni) и анализи на демографски податоци)
  3. Методи за идентификација и мониторинг на птици
  4. Мониторинг на риби (практична работа и теоретска презентација)
  5. Следење на лилјаци (само работа на терен, учење на методи и опрема)
  6. Локален контекст (дискусија/тркалезна маса со локални засегнати страни)

Информации за апликантите Летната школа е отворена за кандидати од Албанија, Северна Македонија и Грција и ќе собере мала група студенти на додипломски и постдипломски студии по еколошки науки, природни науки, земјоделски или шумарски науки и други сродни области. Официјален јазик на летната школа ќе биде англискиот и во апликацијата треба да се покаже добро познавање на англиски јазик. Приоритет ќе имаат апликантите од регионот или оние кои студираат на регионалните универзитети, а отворено е и за неодамна дипломираните студенти и оние кои работат во сродни дисциплини во Преспа.

ПреспаНет ќе ги покрие трошоците за храна, сместување, транспорт и осигурување на успешните апликанти. Понатамошни детали ќе бидат дистрибуирани по периодот на аплицирање. По успешното завршување на летната школа на учесниците ќе им бидат доделени сертификати за завршена работа.

За да аплицирате за оваа летна школа, ве молиме пополнете го формуларот за апликација достапен овде пред полноќ на 16 јули 2023 година.

Кандидатите ќе бидат известени за конечниот избор најдоцна до 24 јули 2022 година.

Летната школа е организирана од МЕД, преку „Проектот Преспа-Зачувување на биолошката разновидност во прекугранична Преспа“, финансиран од Природониот фонд Преспа Охрид и добротворната фондација Aage V. Jensen, со поддршка од EuroNatur. Овој прекуграничен проект има за цел да ја зајакне соработката меѓу партнерите на ПреспаНет, т.е. SPP, MES и PPNEA, преку конкретни активности за зачувување на природата во регионот, интегрирани прекугранични акции за заштита на биолошката разновидност и работа, особено со младите луѓе, преку едукација и волонтерски иницијативи.

Start typing and press Enter to search