Прва работилница по проектот „Развој на национална репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 08 Јули 2010 11:09

 

На 06 јули 2010 година во хотел Континентал, Скопје во периодот од 09:30 до 14:30 часот се одржа првата работилница за презентирање на постигнатите резултати од проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“ која ја спроведува Македонско еколошко друштво во рамките на Проектот на UNDP и ГЕФ за „Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија“.

Воспоставувањето на репрезентативен нaционален систем и мрежа на заштитени подрачја, ќе придонесе за спроведување на обврските на државата кои произлегуваат од Законот за заштита на природата, меѓународните договори ратификувани од страна на Република Македонија, а ќе помогне и за имплементација на двете основни директиви на ЕУ за заштита на природата Директивата за птици (79/409/ЕЕС) и Директивата за живеалишта (92/43/ЕЕС) во процесот на подготовка за членство во ЕУ.

 Pictures/Other/H. Kontinental.jpgPictures/Other/Prezentacija Kontinental.jpg
 Pictures/Other/Rabotilnica.jpg Pictures/Other/Prezentacija Ljupco.jpg

 

Повеќе...
 
Одбележан меѓународниот ден на биолошката разновидност и Светскиот ден за заштита на животната средина PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 07 Јуни 2010 16:18

Со поздравен говор за значењето на биолошката разновидност „Паневропскиот пикник за биолошка разновидност“ го отворија: г-н Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Дирдра Бојд, постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, и амбасадорот Ерван Фуере, специјален претставник на Европската Унија и Шеф на Делегацијата на Европската Унија.

Се промовираа книгите: „Природните вредности на Шар Планина“ и „Значајни растителни подрачја во Македонија“.

По двочасовните презентации се одбележа и Светскиот ден за заштита на животната средина 5 јуни, со симболично чистење на Попова Шапка.

Потоа следеше коктел и традиционална храна со теренска посета на локалитетот Јелак.

otvoranje

 
Prezentacii
 Akcija cistenje Terenska poseta

 

Повеќе...
 
Одбележување на Меѓународниот ден на биолошката разновидност PDF Печати Е-пошта
Петок, 14 Мај 2010 14:01

2010 година е прогласена за Меѓународна година на биолошката разновидност.

“Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” оваа година во Македонија се организира од страна на Македонското еколошко друштво (МЕД), UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, а преку мрежата на организации за зачувување на биолошката разновидност во земјите од Централна и Источна Европа - (CEEweb), www.ceeweb.org

Низата презентации на тема вредностите на биолошката разновидност и исполнување на обврските за членство во Европската унија, како и традиционалниот пикник ќе се одржат на о5 јуни 2010 година, во хотел Славија на Попова Шапка

Повеќе...
 
Резултати од одбележувањето на Светските денови на птиците преселници во Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 Мај 2010 07:30

Одбележувањето на деновите на птиците преселници на 8 - 9 мај во дворот на градска библиотека Браќа Миладиновци наиде на значаен интерес од случајните минувачи и од директните учесници кои дадоа придонес кон оваа прослава. Меѓу посетителите најбројни беа децата кои земаа директно учество во креативните работилници по свој избор. Генерално најголем интерес покажаа за решавање на квизот на тема "Миграција - што е тоа? " и изработка на цртежи. Сите директни учесници добија пофалница за покажаната креативност, меѓутоа специјално одбрана комисија од МЕД ги издвои најточно решените квизови, најкреативните цртежи и најдобрите решенија за оригами и добитниците соодветно ги награди.

Повеќе...
 
Пилот проект за подигнување на јавната свест кај децата од предучилишна возраст ’’Заштита на кафеавата мечка’’ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 19 Април 2010 08:21

           На 20ти  април, 2010 година (10:00-11.30 часот), во просториите на градинката "Мајски Цвет" ќе биде одржана завршна презентација на реализираните активности во рамките на пилот-проектот за подигнување на јавната свест кај децата од предучилишна возраст насловен како „Заштита на кафеавата мечка“. Претставници од повеќе градинки во Скопје и други општини се поканети да присуствуваат на овој настан со цел пренесување на стекнатото искуство после реализираниот проект.
Градинка ’’Мајски Цвет’’

Повеќе...
 
Oдржано Годишно собрание на МЕД, 12.03.2010 PDF Печати Е-пошта
Среда, 14 Април 2010 12:54

MES General Assembly
На 12.03.2010 година во просториите на ПМФ се одржа Годишно собрание на МЕД, каде присуствуваа околу 50 членови на Друштвото и уште толку гости. На Годишното собрание се усвои новиот Статут на МЕД, кој потоа беше поднесен до Централниот регистар на Република Македонија, и измените се веќе внесени во Регистарот. Согласно истиот Статут, едногласно беа избрани членовите кои ќе го сочинуваат Собранието на МЕД:

Повеќе...
 
ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ НА МЛАДИТЕ ЕКОЛОЗИ PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 Мај 2010 12:01
Комисијата ги разгледа пристигнатите предлог проекти на 25.05.2010 година, и донесе одлука МЕД да ја финансира реализацијата на седум од нив.

За најквалитетни предлози, односно со освоени најмногу бодови согласно критериумите за избор објавени во повикот, беа избрани следните:

Повеќе...
 
Одбележување на светските денови за птиците преселници PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 Април 2010 11:15
Прославата на светските денови за миграторните видови птици започна во 2006 како годишна кампања за подигање на свеста и нагласување на потребата од заштита на птиците преселници и нивните живеалишта, организиран од Програмата за животна средина на Обединетите Нации. По тој повод, секој втор викенд од месец мај, луѓето низ светот организираат јавни настани како фестивали, едукативни програми и екскурзии за набљудување птици.

Оваа година, Македонското еколошко друштво за прв пат се приклучува кон оваа прослава со организирање информативни, едукативни и креативни работилници на тема "Миграцијата се случува околу нас!". Овие активности имаат за цел информирање на јавноста за принципите на миграцијата, но и за предизвиците и проблемите на кои наидуваат птиците преселници. Посебен акцент е ставен на едукација и креативно ангажирање на најмладите во оваа кампања преку решавање квизови, учество во ликовна работилница и правење оригами.

Бидете дел од славењето на миграцијата и придружете ни се на  8 и 9 мај 2010 од 10 - 16 часот, во дворот на градската библиотека "Браќа Миладиновци".

Погледенте го промотивното видео на настанот тука.

 
Нова сезона мониторинг на обичните видови птици! PDF Печати Е-пошта
Четврток, 15 Април 2010 11:18
Почнувајќи од 2007 год. Македонското еколошко друштво се приклучи кон иницијативата за следење на популациските трендови на обичните видови птици кои се одлични индикатори на промените во животната средина. Вклучување на обичните видови птици во националните и интернационални листи индикатори е долгогодишна пракса во Европа и се користат како моќна алатка за креирање ефикасни политики за заштита на животната средина.

Мониторингот се спроведува двапати годишно, во периодот 15 април -15 јуни што го опфаќа крајот од преселувањето и текот на гнездењето на птиците.

Методологијата на мониторингот на обичните видови птици е едноставна и унифицирана за сите земји учеснички, а повеќе детали може да најдете тука.

Пријави го своето учество во мониторингот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 
Уловен првиот Балкански рис PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 Април 2010 10:55

Македонското еколошко друштво и ЈУ Национален парк „Маврово“ на ден 14.03.2010 за прв пат уловија мажјак од националниот симбол на Македонија - балканскиот рис (Lynx lynx martinoi) - критично загрозениот подвид на евроазискиот рис. На рисот му е поставен околувратник кој преку радио-сигнали и сателитски GPS координати ја покажува позицијата на рисот, и на тој начин открива досега непознати податоци за животот на овој вид на Балканот, неопходни за негово спасување од исчезнување. Земенa е крв за генетска и здравствена анализа, како и повеќе биометриски податоци. Рисот го доби името Марко, долг е 128 см а тежок 21 килограм.

Работа со уловен балански рис

Повеќе...