Програмата за зачувување на дивите видови обезбедува научна основа за интегрално зачувување на дивите животни, особено крупните цицачи.
Крајната цел на програмата е зачувување на фауната на Македонија преку спроведување различни проектни активности кои опфаќаат директна и индиректна заштита на видовите и на нивните живеалишта. Ние работиме на подигнување на јавната свест, и едукација и соработка со засегнатите страни.
Дел од активностите од оваа програма се поврзани со останатите програми особено во областа на едукацијата, промоцијата и подигнување на јавната свест, како и лобирање за прогласување нови заштитени подрачја.
Иако мала по површина, Македонија претставува дом на голем број цицачи. Многу од нив нам ни се добро познати, делумно поради нивната експонираност (низ секојдневието на луѓето), а делумно и [...]
Според најновото истражување, многу европски земји не се придржуваат до меѓународните договори кога станува збор за справување со хибридизацијата помеѓу волкот и кучето, која зема замав во [...]