Македонско еколошко друштво во рамки на активностите за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на технички и економски пречки за започнување на активностите за расчистување на aлфа – HCH, бета – HCH и загадени места со линдан во ОХИС, 100122“ подготви промотивни материјали за ученици и поширока јавност. Дел од промо материјалите беа поделени на предавања во неколку основни училишта во населбите Кисела Вода и Драчево, а наесен ќе се одржат и предавања во две училишта во населбата Лисиче.
Брошурата е достапна тука а постерот на овој линк.
Во рамки на овој проект Македонско еклошко друштво изработи и информативно видео во соработка со агенцијата „Види Вака“ коешто е наменето за информирање на пошироката јавност во врска со процесот на отстранување на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС во Скопје. Видеото можете да го погледнете на следниот линк.
Македонското еколошко друштво е носител на активностите за подигнување на јавната свест, во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).