На 7 септември во Зоолошката градина во Скопје, Македонското еколошко друштво во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози организираше настан по повод меѓународниот ден за запознавање со мршојадците во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“.

Настанот беше од едукативен карактер а посетителите на Зоолошката градина имаа прилика преку низа активности подобро да се запознаат со европските мршојадци. На настанот имаше активности наменети за сите возрасти a најголем интерес покажаа најмладите гости.

Ако сакате да разгледате како се беше прославен овој ден посетете ја главната веб страница тука

(LIFE16 NAT/BG/000874)

Start typing and press Enter to search