Проценка на заканите за птици во две значајни подрачја за птици во Македонија

Како дел од проектот „Проценка на заканите за птици во две значајни подрачја за птици во Македонија“ во месец март се одржаа 3 предавања во основните училишта од Овче Поле (с. Горобинци, с. Лозово и с. Ерџелија) со цел најмладите од регионот да се запознаат со биологијата и екологијата на белоноктата ветрушка (Falco naumanni) и потребата да се постават куќички за овој вид. На предавањата, учениците учествуваа во склопување и обележување на куќичките. Исто така, дел од куќичките беа склопени со студентите од Здружението на студенти на Шумарски факултет – ДРЕН.

На 6 различни локации се поставија 69 куќички, за кои се надеваме дека ќе послужат за својата цел – нови гнезда за белоноктата ветрушка.

Паралелно со поставувањето на куќичките се изврши и проценка на гнездечката состојба на царскиот орел во Овче Поле при што крајниот исход е 14 гнездечки локации – од нив 12 се стари локации, едно е ново гнездо и една променета гнездечка локација. Еден негативен резултат забележан на терен беа две мртви млади птици од царскиот орел, од кои едната е жртва на електрокуцијa.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top