Во рамките на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“  организирана беше работна средба на ден 23ти март 2012 год. во салата на Домот на културата во општина Пробиштип.

Целта на состанокот беше заедничко дефинирање на управувачки модел за предлог заштитеното подрачје – Осогово заедно со сите засегнати страни вклучени во Координативно тело за управување со процесот за прогласување на заштитено подрачје/а на Осоговските Планини. Презентирани беа различни примери/типови на управување во V категорија – Заштитен предел (најсоодветната категорија за заштита за Осогово) од страна на стручните лица од Природен Парк „Витоша“ – Бугарија, исто така даден беше преглед на начинот на управување во биосферните резервати како соодветна форма на управување за Осогово.

Во тек на дискусијата беа разгледани неколку модели и беа дадени насоки за Управувачко тело за Осогово. Шумарскиот сектор и локалните самоуправи како најзасегнати во однос на управувањето заеднички дадоа конкретни насоки и препораки за дефинирање на телото за Осогово. Во наредниот период моделот за управување, кој понатаму треба да послужи за изработка на финансиска импликација за управувачко тело, ќе биде детално разработен од страна на стручните лица и повторно заеднички  ќе биде разгледан и усвоен  со сите клучни страни.

Start typing and press Enter to search