Германските документарни филмови „Во срцето на Балканот – Барајќи го рисот!“ и „Во срцето на Балканот – Пеликаните од Преспа парк“, кои минатата година беа премиерно прикажани на европската телевизија Арте, конечно ќе може да ги погледне и македонската публика.
Двата филма преведени на македонски јазик ќе се промовираат на на 5ти и 6ти април во салата на Кинотека на Македонија. Планирани се три проекции и тоа во 13 и 20 часот првиот ден, и во 20 часот на вториот ден.
На промоцијата ќе присуствува и режисерката и сценаристка на документарните филмови Корнелија Фолк.
Филмот „Во срцето на Балканот – Барајќи го рисот!“, изработен од германската продукција MDR беше снимeн во неколку наврати во 2010 година, а во декември 2011 година премиерно се емитуваше на европската телевизија АRTE.
Македонското еколошко друштво во соработка со невладината организација Euronatur од Германија и НП „Маврово“, учествуваше во изработка на документарниот филм за природните вредности на НП Маврово „Во срцето на Балканот – Барајќи го рисот!“ каде за прв пат е снимен и рисот со GPSоколувратник Марко, кого тимот на МЕД го следеше речиси година и пол во Националниот парк Маврово.
Промоцијата на германските документарни филмови во Скопје е во организација на Mакедонското еколошко друштво и UNDP.