(ОТВОРЕН) Повик за мали и средни грантови „Д-р Љупчо Меловски“ 2026


Нова можност за младите еколози истражувачи да добијат и спроведат мал или среден грант и да ги искусат возбудите, но и потешкотиите на научното истражување и менаџирањето на проекти. Македонското еколошко друштво, преку Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ со гордост го распишува новиот повик за мали и средни грантови, преку кој еколозите не постари од 30 години можат да аплицираат за мал или среден грант. Во продолжение прочитајте ги правилата за аплицирање.

За мал и среден грант се аплицира со пополнување на апликација заедно со пропратна рамка на активности и со пополнување на буџет со временска рамка за мал грант или среден грант. Дополнително, на следните линкови може да симнете целосно пополнети формулари за фиктивен успешен мал грант за финансирање преку оваа програма (пример-апликација, пример-рамка на активности и пример-финансиски извештај).

Следете ги инструкциите во упатството и во самите урнеци, и следете ги примерите од успешниот проект.

Ги очекуваме вашите апликации со предлог проектите за мал грант најдоцна до 31.01.2026 на полноќ, додека рокот за средни грантови е до 15.02.2026 на полноќ.

Пополнетите урнеци со резимеата (CV) од целиот тим (раководител, членови и ментор), испратете ги на arsovski@mes.org.mk. Од главното мени пронајдете ги и прочитајте ги достигнувањата на некои од веќе реализираните мали и средни грантови од Програмата за поддршка на млади еколози.

Scroll to Top