На 17 февруари во Вевчани добитниците на мали грантови за проекти кои ќе спроведуваат активности на Планината Јабланица потпишаа договори со Македонско еколошко друштво.Организациите ќе започнат со реализација на активности во март а проектите ќе траат до септември 2015 година.
Проектни активности поврзани со промоција и заштита на природните ресурси на Планината Јабланица ќе спроведуваат Општина Вевчани, Здружение Сороптимист, Струга, Планинарско друштво Закамен, Струга, Лекофарм, Струга и невладината организација Енхалон од Струга.
Повикот за мали грантови се организираше во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис а финансиските средства се обезбедени преку Фондацијата МАВА од Швајцарија и Фондацијата Еуронатур од Германија.