На 29 март 2018 година, Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природата во Албанија ја прославија петтгодишнината од денот кога овие организации од трите страни на Преспа ја формираа ПреспаНет, мрежа на невладини организации за заштита на преспанскиот басен. Притоа сe потенцира потребата трите држави да работат усогласено за нејзина заштита. Организациите во наредните години остварија тесна соработка заради остварување на своите цели, заедно работејќи на прекугранична стратегија за Преспа, која вклучува управување со води, заеднички мониторинг на видови, лобирање за примена на одржливи пристапи, како и подигање на јавната свест за прашањата поврзани со животната средина.
Оваа годишнина ја обележа е новиот проект за зачувување на Преспа, финансиран од ПОНТ и фондацијата Јенсен, кој опфаќа заштита на водни живеалишта, мониторинг на растенија и крупни цицачи, како и многу можности за активно вклучување во заштитата на животната средина. Вртиме нова страница за ПреспаНет и помагаме во градењето одржлива иднина за Преспа!