Како дел од проектот Развој на капацитетите за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот, на 10 декември се одржа работилницата со наслов „Птиците и ветерните електрани“ на која беа поканети и присуствуваа претставниците од еколошки друштва, друштва за заштита на птиците и природата, друштва на љубители на птици, како и претставниците од ресорните министерства и нивните органи, инвеситори и агенции за изработка студии за оценки на влијание врз животна средина во инвестициски проекти.

На работилницата се презентираа следниве теми: Анализа на оценките на влијанијата на фармите за ветер врз животната средина, Законска рамка и стратешки документи за изграба на ветерни електрани, Студија на случај – резултати од теренско истражување на Д-р Методија Велевски од МЕД;  Ветерни електрани и птици – глобални и регионални искуства на стручниот соработник Томаж Јанчар од Друштвото за заштита и проучување на птици од Словенија. Сите презентации може да се превземат од тука.

За време на работилницата се развија дискусии на повеќе теми како што се расположливите податоци за состојбата на птиците во Македонија и како ветерниците влијаат врз нив, како и енергетската стратегија на Македонија и долгорочните потреби за опсежни теренски истражувања на кои би се базирале студиите за оцена на влијанието на ветерните електрани врз животната средина.

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.