Македонското еколошко друштво продолжува со своите активности долж планината Јабланица. Од септември годинава започна со реализација проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ со времетраење од 18 месеци.

Целта на овој проект е да се придонесе кон промоција на позитивните практики за одржливо користење на природните ресурси во пет општини долж планинскиот масив Јабланица-Шебеник, како и да се подигне свеста на локалното население за одржливото користење на природните ресурси преку употреба на методи кои не и штетат на природата.

Бидејќи станува збор за едукативен проект кој предвидува обука на локалното население преку работилници, прекугранични екскурзии и други форми на едукација се очекува крајниот резултат да биде поуспешно менаџирање на животната средина во прекугранично заштитено подрачје Јабланица –Шебеник.

Во активностите покрај локалните власти, образовните институции и невладините организации ќе бидат вклучени и ловните друштва, фармерите и локалното население.

Проектот е финансиран од програмата за прекугранична соработка ИПА 2007-2013 за Македонија и Албанија од Европската Унија и во него се вклучени општините Струга и Вевчани од Македонија и Либражд, Стеблеве и Рајче од Албанија.

МЕД го спроведува овој проект заедно со невладината организација ППНЕА од Албанија како и фондацијата Еуронатур од Германија.

[table] [/table]

Start typing and press Enter to search