Потребен материјал: Листови хартија (исечени на четири дела), боички
Цел:
- Да се запознаат децата со елементите на природата
- Да се запознаат со синџирите на исхрана
- Да соработуваат
Вовед:
Раскажувањето приказни може да биде моќна алатка за подигнување на свеста за животната средина. Приказната е за херој (растение, животно или човек); пречките со кои се соочува и начините за нивно надминување на патот кон својата цел.
Приказната може да опише вистински настани (семе што никнува, молња што гори дрво, сојка што бега од јастреб ), но и некои измислени акти. Единствено што е потребно за една приказна е имагинацијата. Сепак претходно подготвените карти може да им помогнат на децата.
Упатство:
- Исечете ги листовите хартија на четири дела, направете 30-90 карти.
- Децата пишуваат еден збор поврзан со природа (растение, животно, професија итн.) на секоја карта.
- Идеја 1 – креирајте приказни: Соберете ги картите со испишаната страна надолу. Изберете една карта и започнете да раскажувате приказна со зборот/темата напишан на неа. Секое дете избира карта и ја импровизира наредната епизода од приказната. Секоја епизода треба да биде поврзна логично со претходната. Приказната завршува кога и каде сакате (може последното дете што ќе извлече карта да ја заврши приказната).
- Идеја 2 – направете синџир на исхрана: Секое дете добива по 9 карти. Останатите карти соберете ги со испишаната страна надолу. Поставете лист хартија со нацртано сонце до шпилот карти. Наизменично, секое дете избира карта од шпилот или користи од своите карти за да направи синџир на исхрана од три карти (растение-тревопасно животно-месојадно животно), поставувајќи ги во правец од сонцето кон себе. Ако извлечената карта не може да се искористи, детето ја враќа назад во шпилот. Ако извлечената карта покажува нешто смртоносно/отровно за растенијата и животните, детето го губи редот и ја става картата назад во шпилот. Кој прв ќе направи три синџири на исхрана е победник.
За дискусија:
- Како би можеле да ја направите приказната подобра? Можеби со друг херој? Животно? Растение? Човек?
- Дали картичките можат да се искористат на друг начин?
Работни листови
Направете 30-90 карти од хартија.
На секоја карта напишете збор поврзан со природа.
Примери за картите:
Крава | Вилинско коњче Dragonfly | Рибар | Крап | Дожд | Плажа |
Река | Ластовичка | Мрежа | Молња | Пченка | Поплава |
Пастрмка | Пеликан | Глад | Автомобил | Ограда | Корморан |
Сојка | Ров | Град | Паркинг | Суша | Вода за пиење |
Пат | Пари | Ловец | Турист | Ливада | Пестициди |
Жаба | Отпад | Змија | Фармер | Јастреб | Пластична ќеса |
Овие лекции се дел од Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на #PrespaNet а е финансиран од @PONT.PrespaOhridNatureTrust @Aage V. Jensen Charity Foundation со поддршка од @EuroNatur.