Цел: Децата да се запознаат со различните форми на лисја.
Вовед:
Лисјата може многу да се разликуваат помеѓу различните видови растенија.
Нивниот облик е нивната најкарактеристична одлика, по која може да се препознае видот на растението. Тие можат да бидат тркалезни, триаголни, линеарни, назабени…
Може дури да најдеме различни форми на листови на истото растение, ако ги споредеме тие на дното на крошната и тие на врвот.
Инструкции:
- Секое дете одбира 2 до 4 лисја со интересни форми, ги става на лист бела хартија и ги исцртува по рабовите.
- Или разредите акварелна боја во шише за прскање, поставете ги лисјата на хартијата и испрскајте го со разредената боја, на овој начин ќе добиете сенка на лисјата на хартија.
За дискусија:
- Дали листовите на различни растенија се исти по форма?
- Дали лисјата на едно исто растение може да се разликуваат?
- Дали човечките раце се исти?
Овие лекции се дел од Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на #PrespaNet а е финансиран од @PONT.PrespaOhridNatureTrust @Aage V. Jensen Charity Foundation со поддршка од @EuroNatur.