Со крајот на март завршува и сезоната на поставување на хранилки за птици. Зошто? Затоа што тие сега имаат храна во изобилство! Пролетта ја буди природата и птиците околу себе можат да најдат секаква храна. Дополнително, храната во хранилките сега може полесно да се расите и да придонесе кон ширење на болести меѓу птиците како и да привлече други (не многу посакувани) посетители.

Па да видиме од оваа лекција како се хранат птиците и дали има друг начин на кој можеме да им помогнеме освен со поставување на хранилка!

Преземете ги работните листови тука.

Ако сакате можете да го следите и едукативното видео (на англиски) тука.

 

 

Како дополнителен ресурс еве еден текст околу заблудите на пролетното прихранување и помогнање на птиците:

Кога времето е променливо во пролетта – ❗️Да, некои од птиците во вашето соседство може да имаат тешкотии да најдат храна. Па доколку имате хранилка или каде да оставите храна, оставете храна за птици. Храна за птици се семки кои имаат високо ниво на масти (сончоглед и кикирики се најдобра опција).
НЕ, нема потреба птиците да се згрижуваат во домови или на друго место. Тие се подготвени за нагли промени на време и доколку имаат храна би требало поголем дел од нив да преживеат.

За сите кои се загрижени за штркови, го повторуваме овој текст:
“ШТО ДА СЕ ПРАВИ СО ШТРКОВИТЕ НА ОВОЈ СНЕГ?”

Во врска со ниските температури и снежни врнежи и нивното влијание на штрковите, сакаме да ве информираме дека тие имаат физиолошки и морфолошки адаптации за да преживеат на ниски температури. Се’ додека имаат храна (реките и другите водни тела не се замрзнати, жабите се излезени на некои места, глувците исто се активни итн.), тие ќе го преживеат овој краток пад на температурите.
Еве неколку податоци за нивната екологија и насоки на делување:
 штрковите стојат навидум неподвижни на нивните гнезда – нема потреба од делување! На тој начин тие си ја зачувуваат телесната топлина.
 голема група штркови се движат или стојат низ ливада или нива – нема потреба од делување! Тие се социјален вид и се во потрага по храна.

Доколку сакате да им помогнете на штрковите, следете ги следните упатства:
✔️ набљудувајте ги подолго време за да се уверите дека штрковите се во ред, иако стојат навидум неподвижно.
✔️ НИКАКО не бркајте ги за да ги фатите! Иако вашите побуди се добронамерни, штом видите дека штрковите реагираат на вашата близина (се движат или бегаат), значи дека се целосно способни самите да се снајдат!
✔️ доколку навистина сакате ДА ПОМОГНЕТЕ – ОСТАВЕТЕ ИМ ХРАНА! Оставете ги малите слатководни риби и суровото пилешко во близина на штрковите и оддалечете се.

Доколку имате прашања, пишете ни, пратете ни слика и/или јавете ни се за совет!

Start typing and press Enter to search