Целта на овие содржини е да ве запознаеме со дивиот свет и животната средина, да ги продлабочиме вашите знаења на темата, но и да поттикнеме поинаква љубов кон природата.  Тука се опфатени куси информативни објави и содржини за растенијата со кои ќе ви го претставиме нивниот тивок во неверојатно возбудлив свет. Ќе опфатиме повеќе теми што ги отсликуваат животите на растенијата, нивната улога во нашиот живот и нивниот опстанок. Очекувајте многу интересни видови на материјали – од сликовници и брошури до лекции и вежби.

Лице за контакт: Светлана Пејовиќ arsovska@mes.org.mk, Даниела Заец zaec@mes.org.mk, Драган Арсовски arsovski@mes.org.mk

Лекции

Лекција 7 – Создавање приказни

  Потребен материјал: Листови хартија (исечени на четири дела), боички   Цел: Да се запознаат децата со елементите на природата Да се запознаат со синџирите на исхрана Да соработуваат Вовед: [...]

Лекција 6 – Исцртување лисја

Цел: Децата да се запознаат со различните форми на лисја. Вовед: Лисјата може многу да се разликуваат помеѓу различните видови растенија. Нивниот облик е нивната најкарактеристична одлика, по [...]

Лекција 5 – Сè е поврзано

Потребен материјал: коноп, конец или било каква долга лента, листови хартија Цел: Да се разберат тесните врски помеѓу растенијата и животните во еден екосистем Вовед: Во еден екосистем, секој жив [...]

Лекција 4 – Светот на растенијата

Потребен материјал: листови хартија, молив и боички, ножици, селотејп и течен лепак Цел: Децата да соработуваат и илустрираат природен микро-свет Децата цртаат лисја, гранки, инсекти итн. и потоа [...]

Лекција 3 – Колку семиња ќе пораснат?

Потребно време: 30 минути Материјали: Семиња (кикирики или семки од сончоглед),креда, хамер, фломастери Упатства: Едно дете ги расфрла семињата на подот кој е поделен на квадранти, а останатите [...]

Лекција 2 – И растенијата дишат

Потребен материјал: растение и проѕирна пластична кесичка Цел: Да се види дека и растенијата дишат. Вовед:  Растенијата дишат преку многу мали дупчиња на своите листови. Како што нашиот здив [...]

Лекција 1 – Кријам храна за подоцна

Пролетта за секој од нас започнува со кокиче, со мирисот на првото расцветано овошно дрво, со зеленилото на дрвјата и на земјата! Особено во тешкиве денови на #седидома овие глетки од нашите [...]

Start typing and press Enter to search