На 19 март 2019 година на Природно-математички факултет – Скопје, Секцијата за геодиверзитет организираше работилница „Истражувања на карст – предизвик или потреба“. Беа изведени шест предавања за одликите на карстот, некои методи кои се применуваат при истражување, неговото значење за водоснабдување и 3Д-визуелизација на карстните терени.

 

 

 

 

Целта беше промовирање на карстните терени и привлекување нови истражувачи. Како предавачи учествуваа: Благоја Маркоски – Институт за географија, Природно-математички факултет – Скопје, Марјан Темовски – Институт за нуклеарни истражувања при Унгарска Академија на науки – Дебрецен, Ивица Милевски – Институт за географија, Природно-математички факултет – Скопје, Војо Мирчовски – Факултет за природни и технички науки – Штип, Златко Илијовски – Градежен институт „Македонија“ – Скопје, Билјана Гичевски – МЕД и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“– Скопје и Драган Колчаковски – Институт за географија, Природно-математички факултет – Скопје.

Start typing and press Enter to search