Времетраење: 2018-2022

Финансиер: Фондација МАВА

Координатор на проектот: Фондација Еуронатур, Германија

Соработници: Асоцијација БИОМ (Birdlife Хрватска), Друштво за заштита и проучување на птиците на Србија (ДЗППС, Birdlife Србија), Наше птице (Босна и Херцеговина), Албанско орнитолошко друштво (Албанија), Друштво за заштита на природната средина во Албанија (Албанија).

Цел на програмата: Мониторинг на случаи за електрокуција и колизија на птици со среднонапонска далекуводна линии во атар на општина Чешиново-Облешево и поширокиот регион на Овче Поле, соработка со клучни чинители (општина Чешиново-Облешево, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија и ЕВН Македонија) за изолирање на опасни далекуводни линии во регионот, поставување на платформи за штркови со цел минимизирање на негативно влијание на далекуводна линија, и организирање на студиски посети за клучни чинители со цел размена на искуства и добри пракси.

Лице за контакт: Данка Узунова, uzunova@mes.org.mk

Новости од МЕД

ПТИЦА НА (ИЗОЛИРАНА) ЖИЦА: Како до сигурни далекуводи за птици?

Птиците се изложени на голем опсег на закани кои се директно предизвикани од човековата активност, а една од тие закани е интеракцијата на птиците со несигурна далекуводна мрежа. Голем број [...]

Преглед на напредокот во спречување на криволов, труење и електрокуција на птици долж Јадранскиот прелетен пат – тема на четвртата Adriatic Flyways конференција

Во последната недела на април во Задар, Хрватска се одржа четвртата конференција за проектот Јадрански прелетни патишта за птици. Главни теми на дискусија беа главните причини за продолженото, а [...]

Зимскиот цензус на водни птици – пример за граѓанска поддршка на науката

Тринаесет години по ред, во викендот на 15 и 16 јануари 2022 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и [...]

Фламинга на Преспанско и Царски орли во Овчеполско

Со почетокот на есента завршија многубројни истражувања на птици кои се одвиваа во рамките на проектот за Јадранските прелетни патишта и „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички [...]

Близу Велес, пронајден усмртен царски орел од струен удар

Во неделата (15 декември 2019 година) нашите соработници од Фондот за дива флора и фауна (ФДФФ) од Бугарија пронајдоа усмртен царски орел од струен удар, на потегот на селата Иванковци – [...]

Ги славиме птиците!

Октомври го одбележаа неколку настани за одбележување на значајни денови за птици. Првата недела од месецот беше резервирана за одбележување на Европските денови за набљудување птици – одбележан [...]

Start typing and press Enter to search