Во последната недела на април во Задар, Хрватска се одржа четвртата конференција за проектот Јадрански прелетни патишта за птици. Главни теми на дискусија беа главните причини за продолженото, а во некои случаи и драматично намалување на популацијата на миграторни птици долж ова прелетно подрачје, како и воведување на мерки со кои би се намалил овој тренд.

Претставник на МЕД ги презентираше проблемите со кои се среќаваат миграторните птици во начајните подрачја за птици Овче поле и Кочански оризови полиња, со акцент на електрокуција како главен проблем. Исто така беше презентирана методологијата на работа како и мерките кои се преземаат со цел да се намали опасноста од електрокуција на птици на овие две подрачја.

Со овие проблеми се среќаваат и други организации од Балканот кои се вклучени во проектот, кои ги  споделија сопствените идеи и решенија кои ги преземаат за намалување на електрокуција на птици кои се жртви на електрокуција.

Исто така се одржаа и презентации за проблемите со криволов и труење на птиците особено во Југоисточна Европа, како и користењето на олова муниција од страна на ловците, која е главен причинител на труењето со олово кај птиците.

На оваа конференција се усвои Задарската Декларација со која EuroNatur заедно со партнерите во проектот ги повикуваат владите да развијат и имплементираат план за акција со што ќе се спречи криволовството. Декларацијата исто ги повикува владите да ги редизајнираат енергетските инфраструктури со цел да бидат безбедни за птиците и да се забрани користењето на олова муниција во ловството.

Start typing and press Enter to search